Фудбалерите на Верона изборија опстанок во Серија А совладувајќи ја Специја во баражот со 3:1. Сите голови беа постигнати во првото полувреме, а се чини дека пресуден момент беше промашениот пенал на Мбале Нзоле во 70-тата минута.
Верона поведе преку Давиде Фараони во петтата минута. Но, веќе во 15.минута Специја успеа да израмни со голот на Итан Ампаду.
Но, до крајот на првото полувреме Специја прими уште два гола, а двата беа дело на Сирил Нгонге во 26-тата и 38-та минута за водство од 3:1.
Специја имаше доволно време да се врати во мечот, за што шанса доби во 70.минута. Стрелецот на водечкиот гол за Верона, Давиде Фараони со рака спречи сигурен гол на противникот, а судијата покажа на белата точка и го исклучи од игра.
Мбала Нзола ја презеде одговорноста, но не шутираше доволно добро, па Лоренцо Монтипо успеа да го одбрани неговиот удар и веќе беше јасно дека Специја ќе испадне.
Да потсетиме, Сампдорија и Кремонезе претходно веќе испаднаа во Серија Б.
Во плејофот за влез во Серија А, екипата на Каљари победи со 1-0 во вториот меч против Бари и со вкупни 2-1 избори промоција во елитниот ранг на италијанската лига.