Ракометниот клуб Голден Арт, информираше дека е продолжена соработката со четворица ракометари.
Станува збор за десното крило Мице Шилегов, левото крило Есад Дрпљанин и двајцата ракометари на бековските позиции, лев и среден бек, Христијан Милошески и Марио Миланов, кои во Голден Арт остануваат најмалку уште една сезона.
Шилегов минатата година дојде од Охрид и беше еден од најдобрите стрелци во клубот, Милошески одигра солидно во два правци, презентирајќи се во високо потентен лев бек шутер, Есад Дрпњанин и покрај сериозната повреда на рамото, како млад ракометар покажа дека може да биде одлично решение во иднина и Марио Миланов, после промената на главниот тренер на клубот заблеска и се промовираше себеси во лидер на тимот во нападот.
РК ГолденАрт, според планот и политиката на клубот, во следните денови ќе излезе со информација за евентуални засилувања на клубот и обновување договори со останатите ракометари кои во изминатите година две беа важна алка од подемот на клубот.