Италијански стратег Џовани Валенти, ќе биде новиот тренер на екипата на Брера Струмица.
Откако најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев реши да ја продаде неговата екипа, Академија Пандев на италијанско-американската компанија „Брера Холдинг“ за сума од 600.000 евра, од новиот сопственик беше најавено дека струмичкиот во новата сезона има амбиции да биде меѓу првите три во македонската лига, а со тоа и да обезбеди настап на европската сцена.
Првиот потег е 47-годишен тренер, Џовани Валенти.
Станува збор за тренер кои има искуство работејќи во младинските погони на гигантите Милан, Јувентус, Бреша и последно екипата на Парма
Валенти бил помошник селектор прво во селекцијата на Италија до 19 години, а потоа до 20 години.
Очигледно дека добрата работа со младите категории е препораката по која Валенти е доаѓа во Струмица да ја спроведе замислата на новите гази, за формирање на млад тим во кој покрај македонските ќе бидат вклучени и големи таленти од целиот свет, а екипата на Брера Струмица би била отскочна даска за излез на европскиот и светски пазар