Каспер Руд и Холгер Руне обезбедија пласман во осминафиналето на Роланд Гарос.
4-тиот носител, Норвежанецот, Руд во четири сета беше подобар од Кинезот, Жанг од кого го загуби првиот сет со 4-6, но во следните три беше подобар со 6-4, 6-1 и 6-4.
Нешто полесно мина шестиот носител Данецот, Руне кому му беа потребни само 2 часа да го надигра Аргентинецот, Оливери и тоа во три сета со 6-4, 6-1 и 6-2.
На двајцата сега им останува да ги чекаат попладневните мечеви по кои ќе ги добијат своите противници во осминафиналната рунда.