Ракометниот клуб Охрид продолжува со ангажман на нови засилувања, па денеска од клубот информираа дека ангажираа четворица македонски репрезентативци.
Станува збор за тројца ракометари кои до неодамна ги носеа дресовите на битолски Еурофарм Пелистер, Гоце Ојлески, Милорад Кукоски и Никола Стоилевски како и голманот Даниел Ѓорѓески.
Со досегашниот ангажман на неколкумина ракометари изминатиот период, ГРК Охрид најавува дека создава тим кој следната сезона ќе биде уште поконкурентен во домашното првенство во кое неодамна завршената сезона ја заврши на шестото место.