Грузискиот репрезентативен бек Теимураз Орјоникидзе е новото име во составот на ГРК Охрид, информираа од клубот.
27 годишниот игра на позицијата лев бек (195 cm и 95кг) во Охрид доаѓа од екипата на Кокс, Финска. Претходно тој настапувал во Романија и Унгарија, како и во македонското првенство во Еурофарм Пелистер и Прилеп.
Со своите одлични настапи и помогна на Грузија за првпат да се најде на Европското првенство во 2024-та година.
„Пресреќен сум што се враќам во Македонија, ова е земја на ракометот и задоволство ми е што ќе играм тука. Охрид има одличен тим и проект и чест ќе ми е да сум дел од него.
Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и заедно со нашите фанови ќе славиме многу победи“
изјави Теимураз.
Охриѓани иако не успеаја да се изборат за настап на европската сцена, сепак најавуваат дека во следната во домашниот шампионат сакаат да бидат уште по конкурентни.