на терените на ТК беа одиграни мечевите од Државното првенство за тенисери и тенисерки до 18 години. Шампионските титули им припаднаа на Ива Данева (Југ) и Амар Хусеиновиќ (МТП) во поединечна конкуренција, додека во двојки кај мажите триумфираа Филип Стојановски и Александар Трифуновски.
Во машкото финале Хусеиновиќ ја освои титулата откако во финалето неговиот ривал Стојановски (Југ) го предаде мечот по завршувањето на првиот сет кој со 7-6 (7-4) поради повреда. Претходно во полуфиналето го победи Александар Трифуновски 6-2 и 7-6(4), во четвртфиналето беше подобар Петар Прингоски 62 60, а во второто коло го елиминираше и првиот носител Марио Стоилковски 62 63, додека во првото коло немаше потреба да биде на теренот бидејќи Огнен Мирчевски не се појави.
Данева во финалето по голема борба ја совлада Зара Зафировска (Топтим) со 2-1 во сетови (5-7 6-2 и 7-6(2). Претходно во полуфиналето ја победи Катја Ивановска со 6-2 и 6-0, а во второто коло беше подобра од Матеја Билбиловска 6-4 и 6-2. Како прва носителка во првото коло беше слободна.
Во конкуренција на машки двојки државни прваци се Стојановски и Трифуновски, кои во финалето ги победија Стефан Новаковски и Александар Шољаковски со 6-3 и 6-2.