Тимот на Мајами е вториот финалист во НБА лигата. Мајами ја доби мајсторката со Бостон и закажа дуел за шампионскиот трофеј со екипата на Денвер.
Иако се врати од негатива од 3-0, Бостон не успеа да слави на домашен терен во седмиот натпревар и да влезе во историјата како првиот тим што го направил тоа.
Кошаркарите на Мајами го покажаа својот карактер и убедливо ги совладаа Селтикс со 103:84, а со 4-3 во победи ја освоија титулата во Источната конференција.
Најефикасен на натпреварот беше Џими Батлер кој постигна 28 поени „зачинети“ со седум скока и да забележи шест асистенции, а голема поддршка имаше од Кејлеб Мартин со 26 поени и Бем Адебајо со 12 поени.
Така, Денвер и Мајами ќе се борат за шампионскиот прстенот во НБА лигата, а финалето ќе започне ноќта меѓу четврток и петок во 02.30 часот.
Нагетс ќе имаат предност на домашен терен во серијата подобар до четири победи.