Новиот ракометен шампион на Македонија, тимот на Еурофарм Пелистер подготвува „ремонт“ на тимот за следната сезона.
Откако пред два дена и официјално го освоија шампионскиот трофеј, во таборот на битолскиот клуб веќе најавија големи промени.
На последната своја свеченост повод прославата на титулата, раководството на клубот на пригоден начин им се заблагодари за досегашната соработка на седуммина ракометари кои имаа свој придонес во освојувањето на трофејот.
Станува збор за: Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски.
Ова ќе значи и голем ангажман на раководството и стручниот штаб на Еурофарм Пелистер, кои во текот на летово ќе треба да состават силен тим, кој ќе биде конкурентен во елитната Лига на шампиони во која пелистерци ќе ја преставуваат Македонија.