Новак Ѓоковиќ со победа убедлива победа во три сета го започна настапот на Ролан Гарос.
Ви првата рунда на Гренд-слемот во Париз, Србинот го доби мечот со Американецот, Александар Ковачевиќ со 6:3, 6:2 и 7:6.
Американецот кој има српски корени беше конкурентен само во третиот сет кој Новак го доби во тај-брејкот, откако првите два третиот светски рекет беше убедлив препуштајќи му на противникот, три односно два гема.
Во второто коло на Отвореното првенство на Франција, Ѓоковиќ за противник ќе го има унгарскиот тенисер Мартон Фучович.
Од фаворитите настапот во Париз уште по првата рунда заврши за 10-тиот носител Канаѓанецот, Агуер-Алиасиме кој во три сета 6-4, 6-4 и 6-3 беше поразен од Италијанецот, Фоњини.
Novak wants to hear you 👂#RolandGarros | @DjokerNole pic.twitter.com/1c1J1h1v7y
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 29, 2023