Фудбалската федерација на Македонија, денеска во х. Хилтон во Скопје. На истото  беа присутни 60 од вкупно 62 делегати.

Без многу дискусија и експресно, делегатите ги прифатија сите извештаи за работа на федерацијата во изминатата 2022 година, меѓу кои и финансискиот според кој федерацијатаза минатата година ја завршила со добивка од околу 4,2 милиони евра. Приходите се зголемени за 3,66%, а најголем дел од ТВ права и од реклами.

Што се однесува до плановите, ФФМ и натаму ќе биде фокусирата на подобрување инфраструктурата, а еден од поголемите зафати ќе биде на комплексот „Петар Милошевски“.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини во обраќањето кон делегатите и гостите од ФИФА и УЕФА, нагласи дека федерација и натаму ќе биде сервис на мак-фудбалот.

,,Изминатите години успеавме да реализираме голем број на проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Овој тим е синоним за успех и надеж. За федерацијата и понатаму стратешки важно е вложувањето во инфраструктурата. До сега вложувавме во терени насекаде низ Македонија.  Наша визија е пласман на големите натпреварувања да биде нормална работа и да станеме редовен учесник на истите. Успехот поставува нови стандарди на работа и професионалност, а тоа е и главна мотивација за новите генерации што доаѓааат”, истакна Сејдини.