Калин Ивановски и Берг Бугариќ го заврпшија својот настап на Челенџер турнирот ,,Македонија Опен 2023″.
Откако македонската тениска двојка рано попладнево одигра тежок меч во три сета со индиската комбинација Пурав Раја и Дивиј Шаран, по кој имаа нецели два часа одмор, тие во вториот денешен натпревар претрпеа пораз и го завршија својот настап на турнирот во Скопје.
Калин и Берг одиграа исцрпувачки четвртфинален меч со Чесите, Петр Ноуза и Ендрју Паулсон, кој во загубија по голема борба во два сета.
Иако одлично стартуваа и уште во првиот гем направија бреј, сепак во шестиот Чесите возвратија за израмнување на 3-3.Во продолжението се играше гел за гем се до тај-брејкот кој Чесите го добија со 7-5 на поени, по 45-минути игра.
И вториот сета траеше безмалку исто толку долго. А, во него, решавачки беше петтиот гем во кој Ноуза и Паулсон направија брејк за водство од 3-2. Предноста Чесите знаеја како да ја сочуваат и на крајот да го приведат сетот во своја полза со 6-4, а мечот го добија со 2:0.
Со тоа напите тенисери го завршија својот настап на овој силен турнир што се игра за награден фонд од 80.000 долари.