Пинг понгот знае да биде возбудлив и интересен. Но случката и прославата на победата на 18-годишната Сара Стојановска е секако за одбележување.
Младата Сара за која веќе пишувавме, уште еднаш го потврди својот шампионски менталитет.
Во неделата во СЦ „Борис Трајковски“ се одиграа бараж натпреварите за опстанок/влез во машката супер лига помеѓу екипите на ППК Работнички од Скопје (8мо пласирана во супер лига во која настапува 18г. Сара Стојановска) и екипата на ППК Астраион од Струмица (3то пласирана во првата пингонгарска лига) и ППК Младост од Прилеп (7мо пласирана во супер лига) и екипата на ППК Телеком Нец од Скопје (4то пласирана во првата пингонгарска лига во која настапува 14г Андреј Стојановски).
Во мечот број 6 меѓу Работнички и Астраион играа Сара Стојановска и Томе Милев. Овој меч беше решавачки за Работнички бидејќи имаше водство од 3:2. За да биде се поинтересно и возбудливо мечот се решаваше во петтиот сет. Сара поведе со 10:7 и имаше три меч топки, откако не ги искористи првите две при резултат 10:9 и сервис на противникот Стојановска одигра одличен прием на сервисот на Милев со многу ротација и да го принуди противникот на грешка а со тоа и да го добие одлучувачкиот поен за победа од 11:9, или 3:2 во сетови и победа на мечот за ППК Работнички по што следеше целосна еуфоријата на прославување на победата со традиционалното CHAMPIONS TABLE JUMP WINNER.