Новак Ѓоковиќ повеќе не е прв на АТП ранг листата. Она што беше најавувано изминатите 10 дена тоа и се случи.
Лидерската позиција ја презеде Карлос Алкараз кој не се прослави на последниот Мастерс во Рим.
Но, зад Шпанецот не е Ѓоковиќ туку Данил Медведев е втор. Со триумфот во Рим, Русинот освпи 1.000 бодови, а со вкупно 6.300 бодови се уште е зад лидерот Алкараз (6.815 бодови).
Ѓоковиќ сега е третиот тенисер во светот со 5.955 поени.
Во пресрет на Грен слемот во Париз во ТОП 10 се и: Каспер Руд (4.915), Стефанос Циципас (4.775), Холгер Руне (4.375), Андреј Рублев (4.270), Јаник Синер (3.435), Тејлор Фриц (3.390), Феликс Огер Алиасиме (3.065).