Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе со два ефектни гола му донесе победа на ПСЖ на гостувањето кај Оксер со 2:1.
Двата погодоци Мбапе ги постигна на самиот почеток од натпреварот и тоа во рок од две минути. веќе во шестата минута по нерешителноста на домаќините Мбабе биеше ефектно за водство на „светците“ од 1:0.
Речиси не минаа ниту две минути, и додека одеше повторувањето на првиот погодок, Мбабе сега по акцијата на Меси уште еднаш на брилијантен начин се запиша во листата на стрелците.
Токму тие два гола се покажаа ако решавачки, бидејќи во продолжението иако Оксер намали на 1:2 преку Синајоко во 50-тата минута, до крајот на натпреварот, домашниот тим не успеа да стигне до израмнување.
Мбапе постигна и трет гол во судиското дополнение, но поради минимален офсајт тој не беше признат, па резултатот остана не променет 2:1 за ПСЖ.
Со трите освоени бодови и вкупно 84 ПСЖ има огромни шест бодови повеќе од второ пласираниот Ленс, на две кола до крајот.
Така во следното коло, на Парижаните на гостувањето кај Стразбур доволен им е само уште еден бод да освојат 11-тата шампионска титула.