Атлетико Мадрид во 35-тото коло на домашен терен славеше со високи 3:0 против екипата на Осасуна. Со оваа победа Атлетико Мадрид на кратко ќе биде на втората позиција пред натпреварот на Реал Мадрид.
Домаќините започнаа одлично и уште во втората минута имаа посериозна шанса за гол. Алваро Мората во 4-тата минута постигна гол, но беше поништен поради недозволена позиција. После многуте шанси конечно во 44-тата минута беше отворен резултатот, а стрелец беше Јаник Караско.
Второто полувреме повторно започна со офанзива на домаќините. Саул Нигуез во 62-тата минута ја зголеми предноста на 2:0. До следниот погодок се чекаше се до 82-тата минута, кога Ангел Кореа ја затресе противничката мрежа и ги постави конечните 3:0.
Атлетико Мадрид стигна до 72 бодови на 3 кола пред крајот на првенството и има еден повеќе од градскиот ривал Реал кој попладнево гостува на „Местаља“ кај Валенсија.
Филип Илиевски