Жозе Мурињо е чекор поблиску до преселба на „Паркот на принцовите“ во Париз, пренесуваат италијанските медиуми.
Според изворите на весникот „Ла Република“, тренерот на Рома, Мурињо имал интензивни преговори со челните луѓе на Париз Сен Жермен.
Според извештаите на „Ла Република“, Португалецот наводно неколку пати разговарал со спортскиот директор на „светците“ Луис Кампос.
Покрај тоа „специјалниот“ наводно во Рим се сретнал и со емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, кој е многу заинтересиран за пристигнувањето на португалскиот тренер во Париз.
Иако пред извесен период Мурињо во нему својствен стил ги отфрли наводите дека ќе се пресели во ПСЖ, сепак италијанските медиуми тврдат сепак, Португалецот калкулира во обид да ја подигне цената, а тоа би го направил доколку Рома успее да го освои трофејот во Лигата на Европа, за кој во финалето ќе се бори со шпанската Севиља.