Екипата на Денвер поведе со 2:0 во победи против ЛА Лејкерс во финалето од НБА плеј-офот во Западната конференција. „Нагетс“ и во вториот натпревар пред своите симпатизери го победи победија составот на „Лејксрси“ сега со 108-103.
Ако во првите три четвртини домашниот тим во игра го одржуваше Никола Јокиќ, кој оствари нов трипл-дабл, во последната Џамајл Мареј беше незапирлив. Тој реализира 23 од 32-та поени на домаќините, пред се благодарение на одличната реализација од далечина. Денвер ја доби четвртината со 32-24, а натпреварот со конечни 108-103.
Мареј средбата ја заврши како најефикасен играл со 37 поени, а Јокиќ на 23-те поени, додаде 17 скокови и 12 асистенции.
Така дабл-дабл учиноците на Леброн Џејмс со 22 поени и 10 асистенции (имаше и 9 скокови) како и Ентони Дејвис ко заврши со 18 поени и 14 скокови беа залудни, па Лејкерси сега имаат негатива од два порази.
„Езерџиите“ првата победа ќе ја брка на домашен терен во недела наутро од 02:30 часот, а кога е закажан првиот од двата натпревари во Лос Анџелес.