Премиерлигашот Евертон е блиску до промена на сопственоста, пишува англискиот дневен весник „Daily Mail“.

Имено, американскиот инвестициски фонд „777 Partners“ подготвува понуда од 600 милиони фунти. Друг претендент за купување на клубот е американската компанија „MSP Sports Capital“.

Сегашната управа на клубот од Ливерпул размислува за продажба што е можно поскоро.

Се очекува преговорите да започнат следната недела.

Сегашниот сопственик на Евертон е иранскиот и британски бизнисмен Фархад Мошири, кој го стекна мнозинскиот пакет акции во клубот во февруари 2016 година