Во Втората машка кошаркарска лига, вечерва на програмата третиот полуфинален натпревари од плеј-офот меѓу Охрид и Соколи.

Популарната „,мајсторка“, ќе речи кој од овие два тима ќе му се приклучил на Вардар во финалето, а со тоа и ќе стане и идниот член на прволигашката конкуренција.

Во првите два натпревари, предноста на домашниот терен се покажа како решавачка, па откако Охрид ја доби првата средба пред своите симпатизери, на втората во Штип победа славеа Соколи.

Како ќе биде денеска во „мајсторката“ останува да видиме по натпреварот што ќе се игра во салата „Биљанини Изври“ во Охрид со почеток од 17 часот.

Подесување дека Вардар веќе обезбеди финале и место во Првата лига, откако во два натпревари црвено-црните беа подобри од Ангели.

Следната сезона место во Втората лига ќе имаат: Куманово и Струмица кои беа најслабо рангирани во прволигашката конкуренција, поразениот од дуелот Охрид – Соколи, Ангели, Работнички 2, МКК Куманово, МЗТ Скопје У.Б., Водно Санс, Шкупи, Борец баскет, како и екипите на Тетекс и Мега Баскет од Прилеп, кои беа најдобри во Третата лига.