Битката меѓу четвртопласираниот Монако и петтопласираниот Лил во француската Лига 1 на „Луис Втори“, заврши со најнепопуларниот резултат во фудбалот – 0:0.

Со тактичко надмурдрување и без поголеми прилики за погодок заврши првото полувреме, иако иницијативата ја имаше гостинската екипа, Лил.

Второто полувреме за разлика од првото имаше поголема желба за игра и фудбалерите на двете екипи креираа повеќе шанси за гол. Во 69-та минута Џонатан Бамба се најде во изгледна шанса за гол, но голманот на Монако, Александер Нубел фантастично реагираше и го одбрани ударот. Само 4 минути подоцна екипата на Монако возврати со шанса, во која Такуми Минамино постигна и погодок, но беше поништен поради офсајд. До крајот на судијата му преостана само да означи крај на овој натпреварот (0:0).

Со поделбата на бодовите, екипата на Монако останува на 4-тата позиција со 65 освоени бодови, 5 повеќе од петтопласираниот Лил, но и пет помалку од Марсеј кој вечерва на домашен терен ја пречекува екипата на Анже.