Атлетико Мадрид „успеа“ да загуби на гостински терен од последнопласираниот Елче, кој е и испаднат од шпанската Ла Лига, со 1:0 и прави чекор назад во трката со градскиот ривал, Реал Мадрид, за второто место.
Одлична игра во првиот дел покажаа играчите на Елче, контролирајќи ја топката и креирајќи прилики за погодок. Ваквата игра се исплатеше бидејќи на 3 минути пред крајот на првиот дел (42-та минута), Фидел упати прекрасен удар кон голот на Јан Облак и домаќините стигнаа до водство од 1:0.
Атлетико Мадрид ја имаше иницијативата во второто полувреме и креираа повеќе шанси за постигнување на гол, но истите не беа искористени и загубија со 1:0 од математички испаднатата екипа во Ла Лига, Елче.
Со овој пораз, екипата на Чоло Симеоне останува на третото место со 69 освоени бодови, 2 помалку од Реал и следното коло на домашен терен ја пречекува Осасуна, додека „кралскиот клуб“ и гостува на Валенсија.