Пари Сен Жермен ја заокружи супер ефикасната сабота на европската фудбалска сцена. Популарните „Сбетци“ го декласираа Ајачио со 5:0 на натпреварот одигран на „Паркот на принцовите“, а во рамките 35. коло од француската Лига 1.

Се беше јасно веќе во првото полувреме, кога момците на Кристоф Галтие поведоа со 2:0, со головите на Фабијан Руиз во 22.минута пред Ашраф Хакими во 33-тата минута.

На стартот од вториот дел, Килијан Мбапе постигна два гола, во 47-та и 54-та минута и дефинитивно ги отстрани сите дилеми околу прашањето за победникот.

Конечниот резултат го постави Мохамед Јусуф со автогол во 73-тата минута.

Двете екипи натпреварот го завршија со десетмина фудбалери откако во 77.минута Хакими заработи доби директен црвен картон кај домаќините, а три минути подоцна беше исклучен гостинскиот играч Томас Мангани.

Со оваа победа ПСЖ ја задржа предноста од 6 бодови во однос на единствениот конкурент за титулата Ленс кој вчера победи во дуелот со Ремс.

До крајот на првенството, овие два тима имаат да одиграат уште по три натпревари.