Жилавата Специја приреди вистинско изненадување совладувајќи го Милан со 2:0.
По поразот на Аталанта, сега дополнително се искомпликува ситуацијата во горниот дел на табелата откако уште еден претендент за Евопа, Милан загуби на гостински терен кај Специја.
Милан е во нокдаун по поразот од Интер во Лигата на Шампионите, а тоа умешно го искористи Специја.
Водечкиот гол за домаќините го постигна Вишниевски во 75-тата минута. За целосна радост се погрижи Еспозито во 85-тата минута кога донесе предност од 2:0 што беше доволно за триумф.
Со оваа победа Специја има 30 бода и е на делба на 17 позиција која носи опстанок.