Големо изненадување приреди тимо предводен од Пауло Соуза совладувајќи ја на домашен терен екипата од Бергамо и со тоа ги отпиша од борбата за Лигата на Шампионите.
Падот во формата на тимот на Аталанта дојде во најлош можен момент од сезоната, ако се знае дека избраниците на Гасперини во претходното коло загубија и од Јувентус па останаа на седмата позиција и на три кола до крајот речиси и ги загуби сите шанси за четвртата позиција.
Паоло Соуза го препороди тимот од Салерна и со одлична игра и ритам не и дозволија на гостите да воспостават своја игра а умешно ги стопираа и сите контра напади, најопасното оружје на тимот од Бергамо.
Јунак на натпреварот беше ветеранот Антонио Кандрева кој доби одлична топка од Пионтек и со одличен удар го матираше противничкиот голман за огромна радост на трибините.
Салернитана со оваа победа и математички обезбеди опстанок во Серија А.