Ракометарките на ЖРК Вардар по голема борба во полуфиналето од Куп завршницата во Охрид го совладаа актуелниот шампион ЖРК Ѓорче Петров со 30:27 и се изборија за ново финале осмо во последните девет години и ќе можат да атакуваат на нов трофеј во ова натпреварување. „Вардарки“ досега имаа освоено 6 пехари (1994, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018).
Вечерва ние бевме помотивирани, а на вакви натпревари таа екипа победува. Заслужувме да играме во финалето. Противникот е одличен ривал исо поголем ростер, но ние се радувавме на триумфот. По оваа победа девојките треба да се одморат и сметам дека полни со самодоверба утре ќе победиме и ќе го кренеме пехарот., изјави тренерот на ЖРК Вардар Александар Царчев.
Инаку, во првенството екипата на ЖРК Ѓорче Петров постигна две минимални победи против ЖРК Вардар, екипа која во оваа прилика се реваншираше за поразите.
Ивона Кимовска