Екипата на Вардар следната сезона ќе игра во Првата кошаркарска лига.
Ова откако вардарци го добија и вториот полуфинален натпревар од второлигашот плејоф против Ангели со 82-73 и до 2:0 во победи ја добија серијата.
Црвено-црните победата ја најавија уште на самиот старт со водството од 6-0. Од минута во минута предноста ја зголемуваа за на полувреме да дојдат до 21+ (46-25).
Таквата предност се покажа како решавачка иако за само пет минутите во третата четвртина Ангели намалија на само четири разлика 45-49. Но, немаа сили домаќините за комплетен пресврт, па Вардар заслужено славеше победа, а со тоа и пласман во Првата лига.
Која ќе биде втората екипа ќе дознаеме по мајсторката меѓу Охрид и штипски Соколи што ќе се игра претстојниот викенд.