Од денеска до сабота во Охрид на програма се завршните натпревари во Купот на Македонија во ракомет. Денеска се играат двата полуфинални дуели кај мажите, а победниците ќе играа во саботното финале. Завршната битка за 30.тиот Куп трофеј ќе ја почнат Еурофарм Пелистер во 17:30 часот, додека од 20 часот е дуелот меѓу Алкалоид и бранителот на пехарот Вардар.

Според односот на силите и случувањата во сезонава Е.Пелистер е апсолутен фаворит против Пролет, а победата ќе го донесе на само еден натпревар до шанса на двојна круна оваа сезона. Многу понеизвесно се очекува да биде на натпреварот меѓу Алкалоид и Вардар особено што токму Алкалоид со победата над Вардар во лигашкиот дел „му помогна“ на Е.Пелистер да биде поблиску до титулата. Сега ракометарите на Алкалоид играат буквално само за себе и со евентуални две победи вечерва и во финалето ќе имаат можност да се радуваат и на првиот пехар.

Со извлекување вчера беа одредени и судиите за натпреварите од машкиот ракометен куп. Дуелот Е.Пелистер – Пролет ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека најдобрата судиска двојка во светот Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат дуелот меѓу Алкалоид и Вардар.

Финалето во сабота ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Вардар е рекордер со 15 освоени куп трофеи(1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2021, 2022), Металург има 6 пехари (2006, 2009, 2010, 2011, 2013, 2019), Пелистер – 5 (1995, 1996, 1998, 1999, 2005), Борец – 1 (1994), Шевро Куманово – 1 (1993) и Тутунски комбинат – 1 (2002).

Натпреварите се играат во СРЦ „Билјанини извори“, а утре на програмата се женските полуфинални дуели од завршницата на Купот.