Можеше Реал да слави и победа нас Манчестер Сити, но можеше и да загуби, смета тренерот на „кралевите“ Каро Анчелоти, осврнувајќи се на првата полуфинална пресметка во Мадрид, која заврши без победник 1:1.
Анчелоти не го криеше задоволството, коментирајќи, дека начинот на кој изиграл неговиот тим им дава реални шанси за успех во реваншот.
„Интересен натпревар, тежок за нас во првото, но многу подобар во второто полувреме. Го контролиравме натпреварот, дефанзивно бевме добри, Винициус постигна убав гол. Ридигер направи добра работа со Халанд, средниот ред, Крос и Модриќ ја контролираа топката и можам да бидам задоволен. Се надигрувавме, се боревме. Можеби дури и заслуживме победа. Имаме силен мотив да завршиме добра работа во реваншот “, изјави Анчелоти веднаш натпреварот.
Може ли Италијанецот, повторно да го одведе Реал до финалето, а потоа и титулата ќе видиме по реваншот на „Етихат“ закажан за 17 мај (среда0=)