Екипата на Филаделфија ја дели само уште една победа од пласман во финалето на Источната конференција во НБА плеј-офот. Ова откако „Сиксерси“ славеа на гостувањето во „Медисон Сквер Гарден“ кај Њујорк с 115-103 и поведоа со 3:2 во победи во полуфиналната серија.

Најкорисниот играч на регуларниот дел Џоел Ембиид ја предводеше Филаделфија до оваа победа со 33 поени, 7 скока и 4 блокади, а Камерунецот имаше голема поддршка од Тајрис Макси кој додаде 30 поени и седум скока, додека Џејмс Харден средбата ја заврши со дабл-дабл учинок со 17 поени, 10 асистенции,  а имаше и 8 скокови.

Двоен учинок во составот на „Селтикси“ имаше Тејтјум со 36 поени и 10 скока,  а Браун заврши со 24 поени, но недоволно домашниот тим и навивачи да се радуваат на победа.

Филаделфија сега има голема шанса да ја заокружи серијата и да се пласира во финалето на истокот бидејќи следниот натпревар ќе го игра на домашен терен во петок наутро.