Двајца македонски тенисери ќе бидат дел од главниот турнир на фјучрсот во Куршумлијска Бања во Србија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Горазд Србљак успешно ги мина квалификациите, а директен пламсан има Калин Ивановски.
Србљак во првиот квалификациски меч го победи Нини Габриел Дика од Романија со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби Романецот 6:4, а со истиот резултат Србљак беше поуспешен. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер беше подобар со 10-3 на понеди. Во вториот меч што значеше и „финале во квалификациите“ Србљак го надигра Саи Картек Реди Ганта од Индија со 6:1 и 6:1 по гемови.
Во квалификациите настпуваше и Дарко Колевски, кој загуби од Жак Каи Ино од Јапонија (5:7 и 1:6).
Ивановски во првото коло ќе игра против Виктор Јовиќ од Србија, додека Србљак за ривал го има Хуан Пабло Паз од Аргентина.
Калин Ивановски заедно со Олександ Овчарненко од Украина ќе настапи и во игра на двојки.