Првата епизода од мега пресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е вечерва. Никој не очекува дека финалистот ќе биде решен по првиот натпревар, напротив, тоа ќе биде борба од најмалку 180-минути, смета еден од главните играчи на Манчестер Сити, Родриго Морено.
Шпанскиот репрезентативец верува дека неговиот тим извлекол поуки од ланската полуфинална пресметка со Реал и дека во овој двомеч англискиот шампион влегува со голема самодоверба, бидејќи е во одлична форма.
„Имаме огромна почит кон Реал Мадрид, тие се “кралеви“ на ова натпреварување, но ние имаме наши оружја кои знаеме како да ги искористиме. Тимот ја користи истата филозофија, а тоа е дека можеме да научиме од минатото. Изигравме одлични натпревари лани, но не беа доволни за пласман во големото финале. Сега сме во одлична форма и 100% веруваме дека имаме тим за пласман во овогодишното финале од Лигата на Шампионите. Нивото е многу високо во моментот, но сеуште немаме освоено трофеј. Мораме да продолжиме со победнички менталитет на секој натпревар“, истакна Родриго.
Вечерашниот прв натпревар меѓу Реал и Сити ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ со почеток од 21 часот.