Реал Мадрид пред своите фанови на „Сантијаго Бернабеу“, ја пречекува екипата на Сити во полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите.

Тони Крос зборуваше за ситуацијата во екипата и како ќе се справат со отпорот на играчите на Пеп Гвардиола и смета дека одбраната е клучна во ова полуфинале.

„Дали сме изморени? Не, се чувствуваме одлично. Нема да користиме изговори. Не е можно да се чувствуваш уморен пред натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите. Очекуваме многу силен Манчестер Сити. Играат феноменално. Одбраната, пред се, мора да биде на високо ниво и мораме да постигнеме погодоци. Навикнати сме да играме натпревари како овие.“ – вели Тони Крос.

Германецот имаше да каже неколку зборови и за неговиот соиграч во нападот, Винициус Жуниор.

„Тој е млад и треба сеуште да учи. Кога е олабавен и фокусиран, игра брилијантно, но кога прави потези надвор од фокусот и дозволува да го провоцираат прави грешки. Но, тоа е нормално противничките играчи константно го провоцираат и некои одлуки на судиите за неговата игра се доста чудни. Вини треба да сфати дека треба да живее на овој начин во наредните 10 до 15 години.“ – вели играчот на „кралевите“.

Натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Сити ќе се одигра вечерва со почеток од 21:00 часот.