Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го стартуваше фјучрс турнирот во Загреб. Таа во првото коло денеска ја победи хрватската тенисерка Ива Приморац, која настапи со „вајлд карта“.

Ѓорческа двата сета ги доби со 6:1 во гемови, а мечот траеше 49 минути.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против четвртата носителка Хетер Вотсон од Велика Британија, која со 2-1 во сетови (6:4;5:7 и 6:4) ја совлада Лаура Сватикова.