Екипата на Фулам го нокаутираше Лестер во 35.то коло на Премиер Лигата со резултат од 5:3.
Фулам најавија победа уште во првото полувреме каде до пауза имаа водство од 3:0. Вилијан го отвори резултатот во 10.та минута, а Карлос Винисиус и Том Каирни зголемија на 3:0 во. 18.та и 44.та минута.
Том Каирни повторно беше стрелец за 4:0 во 51.та минута.
После тоа почна „лудилото“ на натпреварот. Харви Барнс погоди за 4:1 во 59.та минута. Џејми Варди промаши пенал во 66.та минута. Вилијан го постигна исто така својот втор гол во 70.та минута за 5:1. Лестер доби уште еден пенал во 81.та минута и овој пат Џејмс Мадисон го реализираше за 5:2, а за конечните 5:3 се погрижи Харви Барнс во 89.та минута.
Фулам е на 10-та позиција по 35 одиграни кола со 48 бода, додека пак Лестер се надвор од зоната на испаѓање на 16-та позиција со 30 освоени бода. Лидер е Манчестер Сити со 82 бода низ 34 одиграни кола.
Андреј Велјаноски