Спортскиот центар „Билјанини Извори“ во Охрид од четврток до сабота ќе биде домаќин на завршниот турнир во Купот на Македонија во женска и машка конкуренција.

Откако пред неколку дена беше извршена ждрепката РФМ, ги одреди термините, односно садницата на одигрување на шесте натпревари по кои ќе ги дознаеме освојувачите на трофејот во националниот куп.

Тридневната програма стартува во четврток со полуфиналните дуели кај мажите, по што во петок на програмата е полуфиналето кај дамите, а во сабота ќе се играат финалните натпревари.

РАКМОМЕТЕН КУП НА МАКЕДОНИЈА „ФАЈНАЛ-ФОР 2023“

1/2 ФИНАЛЕ МАЖИ
четврток (11 мај)
17:30 ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ
20:00 АКАЛОИД – ВАРДАР

1/2 ФИНАЛЕ ЖЕНИ
петок (12 мај)
17:30 МЕТАЛУРГ – КУМАНОВО
20:00 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ФИНАЛЕ
сабота 13 мај
15:00  финале  ЖЕНИ
18:00  финале  МАЖИ