Екипата на Воска Спорт и дефинитивно следната сезона ќе биде дел од Првата македонска фудбалска лига, за која сеуште во игра се Гостивар и Вардар.
Иако попладнево во локалното охридско дерби Воска одигра 2-2 во дуелот со Охрид, сепак на благодарение на поразот на Вардар на домашен терен тимот на Воска спорт е недостижна за црвбено-црните и на две кола до крајот на Втората лига, охридскиот тим веќе се промовира во прволигаш.
Блиску до директна промоција во Првата лига е и Гостивар кој славеше на гостувањето кај Детонит Плачковица со 2-0, па гостиварци сега имаат 4 бодови повеќе од вардарци кои се трети и ќе играат бараж.