Манчестер Сити на својот „Етихад“ со 2:1 ја совлада екипата на Лидс и е се поблиску до 7-та титула во Премиер лигата.
Потполна контрола на натпреварот во првото полувреме имаа избраниците на Пеп Гвардиола, кои со кратки проигрувања и прецизни додавања „диригираа“ на теренот.
Во 19-та минута, Илкај Гундоган го отвори резултатот и прекрасно биеше за 1:0. Истиот играч 8 минути подоцна (во 27-та минута) зголеми на 2:0 за Сити, а тоа беше и резултатот со кој се замина на паузата.
Гундоган имаше шанса да го комплетира својот хет-трик во 84-та минута, но пеналот, кој му го препушти Ерлинг Халанд, заврши само во десната статива. Една минута подоцна (во 85-та минута), избраниците на новиот тренер Самуел Алардајс, постигнаа погодок преку Родриго и намалија на 1:2. Крајниот резултат беше 2:1.
Со овој триумф „граѓаните“ со 82 бодови се наоѓаат на врвот на Премиер лигата, 4 повеќе од Арсенал, кој утре има тешко гостување на „Сент Џејмс Парт“ против Њукасл.