Во дуелите од 35.коло на англиската Премиер лига, екипата на Тотенхем успеа да триумфира на домашен терен против Кристал Палас со 1:0, додека Вулвс со идентичен резултат (1:0) извојуваа победа над Астон Вила.
Тотенхем одличното прво полувреме го заврши со голот на Хари Кејн за 1:0 во судиското продолжение (45+1), по одличното нафрлување на Педро Поро. Во вториот дел, избраниците на Рајан Мејсон, рутински приведоа крај на натпреварот, без поголеми прилики за погодок на двете страни. Крајниот резултат остана идентичен како на полувремето – 1:0.
Уште во 9-та минута, екипата на Вулвс успеа да постигне погодок и поведе со 1:0. Голот го даде левиот бек, Тоти, по одличната асистенција на португалскиот командант во средниот ред, Рубен Невеш. И покрај нападите на Астон Вила за барем изедначување, одличната одбрана на екипата на Хулен Лопетеги го покажа својот квалитет и резултатот до крајот остана непроменет – 1:0.
Тотенхем со оваа победа се искачи на шестото место со 57 освоени бодови, 3 повеќе од Астон Вила и 2 помалку од Ливерпул, кој денеска на „Енфилд“ го пречекува Брентфорд од 18:30 часот.
Во останатите денешни натпревари од 35.коло, Челзи конечно успеа да извојува победа со 3:1 на гостински терен совладувајќи го Бурнмаут, а лидерот на табелата, Манчестер Сити, рутински триумфираше против екипата на Лидс (2:1).