Со блескавата партија на Клеј Томпсон, кој постигна дури 8тројки, Голден Стејт го доби вториот натпревар против Лос Анџелес „Лејкерс“ со 127-100 и израмнија на 1:1 во победи во полуфиналето на Западната конференција.
Откако првата четвртина ја добија гостите со 26-33, започна шутерското шоу на шампионот, па во следните две четвртини Голден Стејт постигнаа 84 поени и го решија мечот. Погодија 21 тројка од 42 обиди. Томпсон уфрли 8 од 11 обиди, и заврши како најефикасен со 30 поени. Стеф Кари додаде 20 поени (5/3 за три) и 12 асистенции, а ЏејМајкл Грин постигна 15 од кои три тројки,, па Лејкерси едноставно немаа шанси во овој дуел.
„ Само се обидував да ја поттикнам публиката, секогаш е забавно кога шутираш добро, уште подобро е кога тоа е зачинето со победа“, коментираше Томпсон по натпреварот.
И на спротивната страна Хачимура беше шутерски расположен додаде 21 поен (6/4 за три), а Леброн Џејмс два повеќе 23 поени, но затоа Ентони Дејвис беше сопрен на за него скромни 11 поени.
Следните две средби во серијата подобар до четири победи ќе се играат во Лос Анџелес, а првата е во сабота.





































