Со денешната ждрепка во просториите на Ракометната федерација на Македонија, беа одредени паровите за полуфиналните натпревари во Купот на Македонија.

Ждрепката посака кај дамите уште во полуфиналето да гледаме дерби натпревари и тоа во двете конкуренции.  Актуелените шампиони Ѓорче Петров кај дамите и Вардар кај мажите ќе имаат големи предизвици во дуелите со Вардар и Алкалоид.

ЖЕНИ ПОЛУФИНАЛЕ (11 мај – четврток)
ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
МЕТАЛУРГ – КУМАНОВО

МАЖИ ПОЛУФИНАЛЕ (12 мај – петок)
АЛКАЛОИД – ВАРДАР
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ

Термините односно станицата, на одигрување на натпреварите ќе биде дополнително одредена во соработка со МРТ која ќе ги пренесува сите натпревари на својата програма.

Финалните натпревари кои на програмата се на 13 мај во сабота, најверојатно ќе се играат од 15 и од 18 часот.

Бранители на трофеите од лани се Металург кај дамите и Вардар кај мажите.