Дуелот од 33-то коло на шпанската Ла Лига меѓу Валенсија и Виљареал заврши нерешено со резултат 1:1. По 7-те порази во низа на „Местаља“, играчите на Виљареал успеаја да изборат само бод за својата екипа.
Почетокот на првото полувреме му припадна на Виљареал, кој имаше повеќе прилики за погодок, но најопасната беше уште во 3-та минута, кога Николас Џексон биеше во дирекот од голот по фантастична акција на гостите. Првиот дел изобилуваше со груба игра и многу прекршоци на двете страни што резултираше со 5 жолти картони пред паузата.
Во второто полувреме продолжи иницијативата на играчите на Кике Сетиен и во 62-та минута Николас Џексон постигна погодок за водство на Виљареал од 1:0. Валенсија успеа да го изедначи резултатот во 75-та минута со голот на Самуел Лино. Крајниот резултат беше 1:1.
Виљареал останува на 5-тото место на пет кола пред крајот на Ла Лига, додека Валенсија на 16-тото место продолжува да се бори за опстанок.