Лацио беше сигурен во натпреварот против Сасуоло и забележа победа, додека Рома и Милан на нивните натпревари стигнаа само до реми и со тоа ја направија трката за позициите што водат во европските купови уште поинтересна.
Лацио постигна гол уште во 7-та минута преку Чиро Имобиле, но беше поништен поради офсајд. Затоа Фелипе Андерсон во 14-та минута го донесе водството од 1-0. Натпреварот се одвиваше во нормален тек за „лациалите“ кои во 92-та минута со голот на Тома Башиќ ја потврдија победата.
Рома од другата страна разочара на гостувањето кај Монца. Со гол на Степан Ел Шарави, екипата на Жозе Мурињо дојде до водство во 24-та минута. Но сепак Монца не се откажа и во 39-та минута со голот на Лука Калдирола изедначи на 1-1. До крајот на натпреварот се водеше војна на терен, но немаше плод на двете страни.
Милан не беше поразличен од Рома, бидејќи исто така ремизираше со Кремонензе со резултат 1-1. Иако во 11-та минута „росонерите” го отворија резултатот преку Алексис Салемакерс тој беше веднаш поништен поради офсајд. Така немаше гол се до 77-та минута кога Давид Окереке донесе водство за Кремонензе со 1-0. Милан влегоа со сите сили во последните 10-тина минути и сето тоа донесе израмнување преку Џуниор Месијас во 93-та минута од натпреварот и бод за „Миланезите”.
Лацио веднаш се врати на втората позиција на која за момент беше Јувентус. Сега Лацио има 64 бода, еден повеќе од Јувентус. Рома пак паднаа на 7-та позиција со 58 бода исто колку што има и Милан на шестата позиција и Аталанта на петата. Рома, Аталанта и Милан се со 2 бода помалку од Интер кој со 60 бода е четврт и го има последното место што води за Лига на Шампиони.
Затоа во наредните кола во Серија А, не очекува вистинска „војна “ за позициите во европските купови.
Андреј Велјаноски