Кошаркарот на Анадолу Ефес, Американецот Крис Синглтон е во болница откако доживеал срцев удар, потврдија од клубот од Истанбул.
Турските медиуми јавуваат дека Синглтон почувствувал силна болка во градите, по што итно бил пренесен во болница.
Ветеранот голем човек Крис Синглтон доживеа срцев удар.
„Коронарната ангиографија на Крис Синглтон, кој беше тестиран денеска по силни болки во градите, е јасна. Детални прегледи ќе бидат направени денеска и тој ќе остане под опсервација “, објави Ефес.
33-годишниот Синглтон пред да дојде во Ефес играше за Барселона, Панатинаикос, Анхуи, Локомотив Кубан, Оклахома, Џиангсу и Вашингтон, а на почетокот на годината се врати во турскиот клуб.