Францускиот гигант ПСЖ го забележа својот 6 пораз оваа сезона откако денес изненадувачки загуби на домашен терен од тимот на Лориен со 1-3.
Во 15 минута Ли Феј донесе голема радост за гостинската екипа а само 5 минути подоцна нова главоболка за Галтие и ПСЖ беше црвениот за дефанзивецот Хакими.
Сепак и покрај црвениот картон Килијан Мбапе во 29 минута успеа да го изедначи резултатот.
Сепак гостите знаеја како со играч повеќе па во 39 минута го вратија водството со голот на Јонгва.
Лориен доминираше на натпреварот и тоа до кажа и со третиот гол во мрежата на ПСЖ, стрелец на истиот беше Диенг кој ги постави последните 1-3 за гостинскиот тим.
Сепак поразот на ПСЖ драстично, не ја смени табелата, па „светците“ остануваат лидери со 75 бодови, осум повеќе од Марсеј, по кој се Ленс со 66 и Монако со 61 бод.
Андреј Велјаноски