Јувентус имаше сили само да дојде до реми на гостувањето во Болоња (1-1). Иако им беа простени „гревовите” на Јуве и вратени им беа 15-те поени, самите си го губат чекорот што го добија во борбата за Лига на Шампиони.
Натпреварот сврте на неочекувана страница кога Орсолини по пенал во 10-та минута донесе 1-0 за домаќините.
Шокот брзо помина „старата дама” фати залет и добија плод во форма на пенал во 31-та минута. Аркадиуш Милик сепак не искористи шанса бидејќи пеналот му беше одбранет од страна на Лукаш Скорупски.
Во второто полувреме Јуве влезе со негатива и со сите нишани кон голот на Болоња. Во 61-та минута Јувентус израмни на 1-1, а стрелец беше трагичарот од првото полувреме Милик.
До крајот на натпреварот и двете екипи пробуваа да створат шанси, но ниедна не успеа да пронајде пат до гол.
Со ова реми Јувентус останува на 3-та позиција со 60 бода, само 1 помалку од второ пласираниот Лацио. Градските ривали Интер и Милан се на 4-та и 5-та позиција со 57 бода и реална шанса да ги бутнат „црно-белите” во Лига Европа.
Андреј Велјаноски