Двата тима кои се борат за четвртата позиција во Серија А, место што носи пласман во Лигата на Шампионите, Рома и Милан ги поделија бодовите откако на Олимпико одиграа реми, 1-1.
Влогот на овој натпревар беше голем, ако се земе предвид дека и двата тима имаат ист број на бодови, па оттаму и разбирлива беше претпазливоста на Мурињо и Пиоли.
Првата и единствена сериозна шанса за гол во првиот дел ја имаше Пелегрини, кога од непосредна близина шутираше добро кон противничкиот гол, но за негова жал ударот заврши во неговиот соиграч, па Мањан остана несовладан. На полувреме остана почетниот резултат 0:0.
Милан најсериозно се закани во 60.минута кога Самекерс шутираше со волеј, а неговата топка отиде неколку милиметри над пречката.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови затоа што и двата тима речиси ништо не понудија, вистинските возбудување следуваа на крајот.
Англискиот напаѓач во редовите на Рома, Томи Абрахам со одличен удар од шеснаесетникот донесе голема радоста на преполниот Олимпико и клупата на Рома.
Сепак радоста на домаќините ја расипа Алекс Саламакер во 97. минута кога го искористи невниманието на одбраната на Рома и го изедначи резултатот и ги постави конечните 1:1.
Со оваа реми, Милан и Рома ја продолжија битката за четвртата позиција, а и двата тима имаат по 57 бода.
Филип Василевски