Екипата на Лос Анџелес Лејкерс се пласира во полуфиналето од НБА плејофот во Западната конференција, додека актуелниот шампион Голден Стејт ќе мора да одигра седни решавачки натпревар против Сакраменто.

„Езерџиите“ ја совладаа екипата на Мемфис со убедливи 125-85, а 40-те поени разлика се најголема победа во плеј-офот на екипа која разигрувањето го започнала од седмата позиција.

Д’Анџело Расел со 31 поен, беше најефикасниот во победничкиот тим за кој Леброн Џејмс додаде 22, а Ентони Дејвис забележа дабл-дабл со 16 поени и 14 скока.

Лејкерси сега ќе го чекаат исходот од мајсторката меѓу шампионот Голден Стејт и Сакраменто. Имот на „Кингс“ синоќа во Сан Франциско славеа над „Воините“ со 118-99 со што го израмнија резултатот на 3:3 во победи и се изборија решавачкиот седми натпревар да го играат пред својата публика во Сакраменто.

29-те поени на Стеф Кари не беа доволни за домаќините да слават победа, бидејќи на спротивната страна „Кингси“ ги имаа расположените Монк со 28 поен и Фокс кој оствари дабл-дабл со 26 поени и 11 скокови.

Решавачкиот седми натпревар во Сакраменто ќе се игра утревечер од 21:30 часот. додека вечерва на програмата се првите конференциски полуфинални дуели меѓу Денвер и Феникс односно Њујорк и Мајами.