Кошаркарките на Струга го добија и вториот натпревар пред своја публика против шампионат  Бадел со 79:61, во полуфиналето од плеј-офот на на женската Прва лига. Со овој триумф стружанки го израмнија резултатот на 2:2 во победи со што се изборија за решавачки петти натпревар.

Уште во првата четвртина, домашната екипа создаде солидна предноста со 24-17, за на полувремето да замине со двоцифрена од +10 (39-29). И во вториот дел стружанки продолжија во ист ритам за на крајот заслужено да слават со конечни  60:43.

Во победничката екипа четири кошаркарки имаа двоцифрен број на поени. Американката Ли, која оствари  дабл-дабл со 26 поени и 14 скокови, Зендели додаде 15, а Шеќероска и Биочанин придодадоа по 13 поени.

Со сенка на поразот мина брилијантната партија на Марија Димитријевиќ со 23 поени, додека Матие реализира 14, а Лазаревска 10 поени.

Кој ќе биде противник на Баскет Кам ќе решава мајсторката што ќе се игра во скопска Кисела Вода.