Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе биде дел од осумте европски селекции кои ќе играат во Талин, на еден од трите предвидени турнири во европската зона на ФИБА, за пласман на Олимписките игри во Парис следната година.
Од 12 до 20 август во Естонија (Талин) и Полска (Гливице), односно Турција (Истанбул), 32репрезентации ќе бидат поделени во четири групи (по осум учесници).
Согласно со предвидениот план,
Како осми носител, Македонија заедно со Португалија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четвртатата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).
Турнирите ќе се играат во периодот од 12 до 20 август, а само победниците ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз што ќе се одржи 26 јули до 11 август 2024 година.
Кои ќе бидат противниците на македонските кошаркари, и каде ќе се играат натпреварите, ќе дознаеме на ждрепката закажана за во понеделник.
Нешто подоцна е предвидено да се формираат и натпреварувачките групи на турнирите кои освен Европа, ќе се играат и во Лагос (Африка), во Аргентина ќе се игра во американската зона (градот ќе биде подоцна потврден), исто како што се очекува и потврдата за организаторот на турнирот во Азија.